Мицкоски на средба со Вадефул: Власта ги злоупотребува собраниските процедури и носи закони во нивен интерес

news
Advertisement

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска оствари средба со Јохан Вадефул, заменик шефот на владејачката парламентарна група на ЦДУ/ЦСУ во Бундестагот одговорен за прашања на надворешната работа и одбрана.

Advertisement

Како што извести ВМРО-ДПМНЕ, на средбата се разговарало за актуелната политичка и економска состојба.

Претседателот Мицкоски го информираше Вадефул дека парламентарното мнозинство на СДСМ и ДУИ, постојано ги крши собраниските процедури и го злоупотребува европското знаменце за носење законски регулативи кои се во нивен интерес, а не во интерес на граѓаните.

Во однос на економската состојба Мицкоски потенцираше дека македонската економија е во тотален колапс, а актуелната влада наместо да е насочена кон решавање на ова клучно прашање, е насочена кон криминал и корупција.

Мицкоско го информирше Вадефул, дека власта нема поддршка од граѓаните, додавајќи дека се потреби итни реформи и промени кои ќе значат целосен ресет на нефункционалниот систем.

Соговорниците се согласија соработката и средбите да продолжат во иднина, се додава во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.