Починал потресен од глетката што ја видел додека куќата му горела
Пожарот што пред два дена избувна во предградието на Лесковац, Бобиште, не е единствената несреќа што го снајде семејството на познат бизнисмен од Лесковац, чија семејна куќа се запали.
Имено, како што дознава Телеграф, пожарот во куќата ноќта меѓу 2 и 3 јануари околу четири часот наутро прв го забележал З.Р.(68), познат бизнисмен од Лесковац. Пламенот на покривот од неговата семејна куќа го видел сосема случајно.
Иако пожарот за релативно кратко време бил изгаснат од две екипи лесковачки пожарникари, несреќниот З.Р. претрпел голем стрес, кој срцето на овој вреден човек најверојатно не можело да го издржи, па тој починал.
Тој денеска во присуство на роднини и пријатели беше погребан на локалните гробишта во Бобиште.
ИЗВОР. https://4news.mk/zaginal-koga-si-ja-videl-kukata-vo-plamen-taga-vo-domot-na-biznismen-od-leskovats/?fbclid=IwAR0ZaPdN_ACkQQdZBF1x55uLtYSZSn14tJ3LX4f0L8qpTe9e34I9SrTLUws