Демократски сојуз: Да се суспендираат партиските директори на М-НАВ

news
Advertisement

Демократски сојуз бара да се суспендираат партиските директори на М-НАВ.

Advertisement

„После неколку мега афери во М-НАВ,денес се случи и упад во контролата на летање и физички напад на контролори на летање.

За да се спречат можни катастрофални последици,бараме Владата,да одржи вонредна седница и да ги разреши актуелните партиски директори на М-НАВ и на нивно место да именува експерти од редот на вработените во М-НАВ.

Го повикуваме раководството на МВР,да преземе најитни мерки против тие што упаднале во објект на М-НАВ,како и против тие што го организирале упадот и нападот на контролорите на летање.

Со ваков криминал,нестручност и партизација на витални државни институции нема да стигнеме никаде,уште помалку во Европската унија.
Со ДУИ и СДСМ,Македонија ја зафати,не катастрофа туку катаклизма“, велат од таму.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.