Онкологија крпи крај со крај и признава дека пациентите прескокнуваат биолошка терапија, зашто нема пари

news
Advertisement

Чекмеџето на Клиниката за онкологија брзо се празни и затоа здравствените власти мора да „таксаат“ повеќе пари за да има лекови за сите онколошки пациенти. Дваесет милиони евра колку што изнесува буџетот на Клиниката за онкологија за оваа година за биолошки лекови за онколошките пациенти, веќе се потрошени. Тие пари кои Министерството за здравство и Фондот за здравство ги одделија за биолошките терапии годинава, се истрошиле уште во август. Затоа, во септември Фондот одобрил дополнителни 120 милиони денари за да се истера годината до крај. Најголем дел од овие лекови немаат генерика па мора да се набавуваат оригинатори. За другите лекови за кои постојат генерички верзии, клиниката набавува и оригинатор и генерика.

Advertisement

Биолошката терапија им е потребна на многу повеќе пациенти отколку што ни се одобрени со буџетот, вели за „Слободен печат“ директорката на Клиниката, доктор Виолета Клисаровска.

Откако истражните органи влегоа во предистрага на Клиниката за онкологија, истражувајќи обележја на кривични дела поврзани со кривични дела против здравјето на луѓето и проневера во службата, Клиниката стави „кочница“ на своето трошење без одобрен буџет. Сега се набавуваат биолошки терапии исклучиво со буџетот кој е одобрен. Тој на почетокот на годината, првично изнесувал 1.200.000.000 денари, или 20 милиони евра, ама во септември ФЗОМ одобрил уште 120 милиони денари бидејќи било евидентно дека нема да се помине годината во таа финансиска рамка.

-При преговарање за годишните буџети клиниката ја изразува реалната потреба, но по дефинирање на финансиската рамка количината на лекови мора да биде адаптирана на одобрените средства, велат од Клиниката за онкологија за „Слободен печат“.

На нашето прашање што ќе се случи со оглед на фактот дека бројот на пациенти за кои е медицински оправдано да добиваат биолошка терапија е поголем од износот на парите кои Министерството и Фондот ги одобруваат, Клиниката признава дека ова е најсериозниот проблем со кој се соочуваат откако се внесени ваквите лекови.

„Од самиот старт тие се набавуваат во исклучително мали количини и редовно биле недоволни, поради што клиниката се соочувала со периоди кога недостасуваат лекови. Сериозноста на проблемот е уште поголема кога поради недостатокот се нарушува континуитетот на терапијата, а вклучувањето на нови пациенти мора да биде одложено. Речиси за сите лекови кои припаѓаат на условен буџет се вклучени многу повеќе пациенти од оние утврдени со условниот буџет, но клиниката почитувајќи го правилото лек за секого и можност за лекување на сите пациенти си го дозволува тоа право. Поради тоа се зема предвид побрзото истрошување на лековите поради што клиниката постојано укажува до соодветните институции“, објаснија од Онкологија за „Слободен печат“.

Оваа година, новитет е што за разлика од претходните, клиниката се нема задолжено и нема отворено постапка за јавна набавка на биолошки лекови без одобрени средства. Така се намалил и долгот што го имаше оваа јавна здравствена установа. Но, исплатата на долгот оди бавно поради месечното поголемо набавување од предвиденото како резултат на зголемената потреба од лекови на месечно ниво.

Лековите од условниот буџет се препишуваат исклучиво на македонски здравствени осигуреници кои истите ги добиваат бесплатно.

-Во ЈЗУ УКРО-Скопје, сите услуги се бесплатни, без никаква партиципација. Стручниот конзилиум работи исклучиво професионално врз база на медицински индикации, доказ за тоа се пациентите кои дополнително како нови пациенти се вклучени во третман со лек на кој веќе има претходно започнати пациенти со кој е исполнет планираниот број на пациенти со конкретниот лек, вели директорката доктор Клисаровска.

Во меѓувреме, во предистрагата за Клиниката на онкологија, Обвинителството вклучи тим кој го анализира целокупното финансиско и економско работење на Клиниката, а на помош ја повикаа и Управата за финансиско разузнавање како и државните ревизори. Ревизорскиот извештај од март годинава откри недоследности кои беа поправени, но нецелосно.

Министерството за здравство уште ги игнорира прашањата на „Слободен печат“ кога ќе го врати во употреба системот за автоматизирана подготовка на цитостатици кој екс-директорот доктор Нино Васев го отстранил наместо да го надоградува низ годините. Како што веќе објавивме, со овој систем кој се користи во Австрија, Германија, Грција и бројни европски болници, се овозможува екстремно прецизна подготовка на цитостатиците со компјутер и човечки фактор не може да влијае на субдозирање или погрешна доза ни поради кражба ни поради грешка. Министерот Фатмир Меџити тврдеше дека КАТО системот е економски скап, а Васев тврдел дека е неисплатлив, но, производителот со кого разговаравме објаснува дека само во првата година секоја болница која го набавила КАТО системот и го користела, заштедила 15 проценти од лековите што ги губеле при рачната подготовка на цитостатиците. Исто така, Македонија е единствената земја која го има купено КАТО системот, а не го користи.

За да добиеме точна слика за цените на биолошките лекови го консултиравме последниот јавно објавен договор за јавна набавка на овие лекови, според тендер склучен на 8 мај годинава со веледрогеријата „Д-р Пановски“ во износ од 513 милиони денари со ДДВ.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.