Општините во септември заштедиле 29 отсто струја, Арачиново со најголема потрошувачка

news
Advertisement

Општините за вкупно 29 отсто ја намалиле потрошувачката на електрична енергија во септември, споредено со истиот месец претходната година, соопшти денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

Advertisement

Како што рече Бектеши, презентирајќи ја анализата за рационална потрошувачка, од 81 општина, 25 не постигнале заштеда од 15 отсто, а останатите 56 општини успеале да направат заштеда поголема од 15 отсто. Притоа, најмногу отстапува Арачиново со значително поголема потрошувачка отколку септември минатата година. -Најмногу со поголема потрошувачка отстапуваат Арачиново, Гостивар и Свети Николе. Останатите што не ја постигнале заштедата од 15 отсто се во ранг од 40 до 13 отсто, информира Бектеши.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.