ОРОВЧАНЕЦ: Никој не ме консултирал за Арсовска да биде претседател на Нова Алтернатива, јас си поднесов оставка

news
Advertisement

Досегашниот претседател на Нова алтернатива, Ѓорѓи Оровчанец, за Фокус тврди дека си дал неотповиклива оставка и дека за тоа што се случува внатре во партијата никој не го информирал.

Advertisement

„Јас веќе три месеци сум на боледување. За тоа што се случува во партијата никој не ме информирал и си дадов оставка од претседателското место. Ниту некој ме консултирал дали да биде Арсовска претседател, нбиту ме запознале, истакна Оровчанец во изјава за „Фокус“.

Партијата е создадена од страна на Ѓорѓи Оровчанец во 2007 година, во периодот кога тој бил член на ВМРО-НП и пратеник во Собранието. На парламентарните избори во 2008 година, „Нова Алтернатива“ учествува во коалицијата предводена од СДСМ каде што добива едно пратеничко место.

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска е нов претседател на партијата, Нова Алтернатива, потврдуваат од партијата. Оттаму најавуваат дека утре во 18 часот ќе има конвенција за промоција на Арсовска.

https://www.faktor.mk/kje-ima-konvencija-za-promocija-arsovska-e-nov-pretsedatel-na-partijata-nova-alternativa

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.