Османи: Го имам искуството во центрите на одлучување за да го заокружам сонот на секој граѓанин за европска иднина

news
Advertisement

Денеска го почнуваме овој победнички караван патувајќи на четирите страни од државата, слушајќи ги барањата, очекувањата на граѓаните и секако претставувајќи ги моите планови како оваа земја ќе стане членка на ЕУ, порача Османи на денешната прес-конференција.

Advertisement

Бујар Османи смета дека тој е најсоодветен кандидат за претседател бидејќи го има искуството, контактите и кредибилитетот во центрите на одлучување за да го заокружи сонот на секој граѓанин за светла, безбедна и европска иднина.

Во рамки на почетокот на претседателската кампања, Османи порача дека државата се наоѓа на крстопат – еден пат води кон светла европска иднина, а другиот кон изолација и без перспектива. Затоа, како што порача тој, овие избори не се обични, туку народен референдум што ќе ја обедини иднината на оваа држава.

– Денеска го почнуваме овој победнички караван патувајќи на четирите страни од државата, слушајќи ги барањата, очекувањата на граѓаните и секако претставувајќи ги моите планови како оваа земја ќе стане членка на ЕУ, порача Османи на денешната прес-конференција.

Тој додаде дека доаѓа директно од Брисел каде се одбележува Денот на НАТО и тоа е знак дека државата е на вистински пат.

– Доаѓам директно на оваа прес-конференција од Брисел и тоа на еден посебен ден, четврти ден, четврти месец, 2024 година, на Денот на основањето на НАТО и на 4-годишнината од членството на Македонија во НАТО и јас го почнувам овој победнички караван под бројот четири како симболика, дека сме на вистинскиот пат. Оваа мисија ја почнувам од седиштето на НАТО, со надеж дека ќе ја завршам како претседател, во седиштето на ЕУ, седнат на маса со Европскиот совет како полноправен член, порача Османи

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.