Османи: ДУИ бара сеопфатна истрага за наводите на САД за Мерко, неговите партиски функции замрзнати

news
Advertisement

ДУИ бара институциите во државата веднаш да започнат сеопфатна истрага за струшкиот градоначалник Рамиз Мерко за сите можни тврдења и информации што произлегуваат од одлуката на американскиот Стејт департментот за негово ставање на „црна листа“ на САД поради „значителна корупција“, изјави денеска министерот за надворешни работи и портпарол на ДУИ, Бујар Османи.

Advertisement

Тој информираше дека партијата ја прифатила одлуката на Мерко по неговата вчерашна средба со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, за замрзнување на неговото членство во Централното претседателство и Генералниот совет на партијата додека трае истрагата против него, а во исто време партијата ги прекинува и сите внатрепартиски изборни активностите во Струга додека не се создадат нови околности.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.