Advertisement
Продолжува јавното „лицитирање“ на власта и опозицијата околу одржувањето на претстојните претседателски и парламентарни избори. ВМРО-ДПМНЕ излезе со конкретен предлог, да се одржат идната пролет, помеѓу двата најголеми верски празника, а СДСМ останува на ставот изборите да бидат наредната година во редовниот термин, прво претседателските, а потоа и парламентарните.
Advertisement
Министерот за надворешни работи и дел од ДУИ, Бујар Османи денеска во изјава за медиумите истакна дека доколку ВМРО-ДПМНЕ ги изгласаат уставните измени, ќе се остави тие да одлучат кога ќе бидат изборите.
Кога и да сакаат. Денеска, утре, задутре, веднаш по изгласување на уставните измени“, вели Османи.
Advertisement