Охрид: На 8ми март ја фрлил девојката од тераса – ќе одговара за обид за убиство

news
Advertisement

Секторот за внатрешни работи (СВР) Охрид вчера соопшти дека поднел кривична пријава против А.Д. (32) поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело убиство во обид. Кривична пријава е поднесена против уште едно лице, 21-годишниот Е.М., кој е осомничен за помагање.

Advertisement

Според полицијата, првопријавениот А.Д. во петокот (8 март) околу 11:30 часот по претходна расправија ја турнал 39-годишната М.О. од терасата на стан на улицата „Карпош Војвода“ во градот, инаку сопственост на второпријавеното лице.

Жената по падот, како што информираа од полицијата со тешки повреди е хоспитализирана во Специјализираната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ во Охрид, каде што ѝ се констатирани тешки телесни повреди.

Инаку, двајцата осомничени беа приведени по настанот, а против нив се поднесени и кривични пријави.

Второпријавениот Е.М. според охридската полиција бил присутен во станот, но не го спречил сторителот во извршувањето на кривичното дело.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.