Оштетена таблата на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид

news
Advertisement

Искршена е таблата на бугарскиот клуб во Охрид чиј назив го носи името на „Цар Борис Трети“. Од утрово членовите на здружението пријавиле дека таблата над влезната врата е оштетена. Од охридската полиција за Сител потврдија дека е пријавено оштетување на таблата со натписот на името .

Advertisement

Околу 12.45 часот е добиено известување за оштетен дел со натпис на името на здружението над просторијата на клубот. Дел од таблата е оштетен. Во моментов СВР Охрид врши увид на местото и ќе работи на расветлување на случајот.

Клубот кој беше отворен пред само пет дена предизвика бројни реакции во јавноста, а незадоволството се прелеа и во протести со повик фашизмот да падне. Македонските власти кои отворањето на клубот го окарактеризираа како провокација и само вербално го осудија, останаа без никаква реакција до официјална Софија или било каква протестна нота.

Додека се чека менувањето на постојното законско решение со кое треба јасно да бидее утврдено под какви услови ќе може да формира здружение и фондација со назив на спорни историски личности, се подготвува регистрација на ново бугарско здружение. Ако ги помине сите процедури здружението со назив „Цар Фердинанд“треба да биде отворено во Богданци. Сител веќе објави дека подносителот на барањето за отворање на овој клуб лично добил согласност од Симеон Саксобурготски, како негов потомок.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.