Д-р Милен Врабевски ќе ја покрие штетата од вандалскиот напад врз клубот „Цар Борис III“ во Охрид

news
Advertisement

Бугарскиот бизнисмен и филантроп д-р Милен Врабевски ќе ја покрие штетата настаната од вандалскиот чин со кршењето на таблата на бугарскиот клуб во Охрид „Цар Борис III“. Претседателот на фондацијата „Бугарска меморија“ д-р Врабевски е основен финансиски благодетел на бугарските здруженија во РС Македонија и имено тој го откри клубот на здружението пред неколку дена во Охрид, велат од фондацијата „Бугарска меморија“, пренесува Трибуна.

Advertisement

„Потсетуваме дека д-р Врабевски беше човекот што ги покри трошоците за ремонтот на запалената фасада на бугарскиот културен центар „Иван Михајлов“ во Битола оваа пролет.
Фондација „Бугарска меморија“ најостро ја осудува оваа најнова провокација и акт на омраза кон ова бугарско културно средиште“, стои во соопштението на фондацијата „Бугарска меморија, по повод денешниот инцидент во Охрид.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.