Папата Франциско: Црквата може да ги благослови истополовите бракови

news
Advertisement

Светиот Отец дава писмен одговор на официјалното прашање од конзервативните кардинали во врска со оваа работа

Advertisement

За прв пат во историјата на Католичката црква, свештениците можат да благословуваат истополови парови.

Одговарајќи на писмото од група кардинали, кои побараа од него да го разјасни ова прашање, 86-годишниот старец рече дека секое барање за благослов треба да се третира со љубезност.

Не можеме да бидеме судии кои само негираме, отфрламе и исклучуваме“, порача Светиот Отец преку писмо.

Се чини дека оваа изјава на Папата е во спротивност со неговата изјава во март, кога рече дека Црквата не може да ги благослови истополовите бракови, со образложение дека гревот не може да биде благословен.

Во Католичката црква, благослов е молитва што ја упатува црковен службеник, кој бара од Бог да погледне љубезно на личноста или лицата што се благословени.

Епископите во неколку земји, вклучително и Белгија и Германија, почнаа да им дозволуваат на свештениците да благословуваат истополови парови, но официјалната позиција на Црквата останува нејасна.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *