ПАРАЛИЗИРАН СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ: Откажани сите утрински летови – ОД АЕРОДТОМОТ ГИ ИНФОРМИРААТ ПАТНИЦИТЕ ДЕКА…

News

ГУСТА МАГЛА ГО ПАРАЛИЗИРА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ: Откажани сите утрински летови, авионите пренасочени во регионот

Поради исклучително густата магла, утрово се откажани сите утрински летови од Меѓународен аеродром Скопје, а воздушниот сообраќај е целосно во прекин.

Откажани се летовите на Wizz Air од Скопје кон Дортмунд, Брисел, Париз, Љубљана, Базел, Меминген и Венеција. Исто така, откажан е летот кон Загреб на Croatia Airlines, како и летот за Истанбул на Turkish Airlines.

Во моментов, на скопскиот аеродром нема ниту еден авион. Ниту еден од шесте авиони на „Визер“, кои се стационирани во базата во Скопје, не успеал синоќа да слета поради лошите временски услови. Поради густата магла, авионите биле пренасочени кон аеродромите во Приштина, Софија, Тирана, Солун и Охрид.

Екипажите на „Визер“ утрово патуваат кон аеродромите каде што авионите биле пренасочени, од каде што дел од нив ќе полетаат кон планираните дестинации за да ги преземат патниците кои не успеале да полетаат од Скопје.

Според официјалните информации, вчера на Меѓународниот аеродром Скопје слетале само три авиони, кои подоцна успеале и да полетаат кога условите краткотрајно се подобриле. Сите други слетувања и полетувања биле откажани, а видливоста паднала под 100 метри – далеку под минималните стандарди за инструментално слетување од категорија 1, со која располага аеродромот.

Од аеродромот информираат дека, и покрај временските услови, тој формално останува отворен и целосно подготвен за прием и опслужување на летови.

„Сите промени во редовниот распоред на летање се ажурираат во реално време на нашата веб-страница, а пултот за информации и телефонската линија +389 2 3148 333 се достапни 24 часа за патниците“, информираат од Меѓународниот аеродром Скопје.

Според прогнозата на Управа за хидрометеоролошки работи, и во наредните три дена во Скопје се очекува променливо облачно време со појава на магла, што може дополнително да влијае врз авионскиот сообраќај.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *