Advertisement
Ова зад мене, беше депонија со големина колку 11 фудбалски игралишта, која што градоначалникот Стојкоски, според овој документ, наводно успеал да ја исчисти со само 8 камиони отпад депониран во Дрисла. Заради одговорноста која ние како советници ја имаме кон граѓаните повторно го прашуваме градоначалникот Стојкоски.
Дали депонијата е навистина исчистена со само 8 камиони депониран отпад, или ѓубрето е затрупано на самата локација?
Дали паркот што го промовирате ќе се гради врз контаминирана почва која ќе претставува темпирана еколошка бомба?
И дали свесно го ризикувате здравјето на граѓаните и нашите деца?
Како советничка група овие прашања ги поставивме на 15тата седница на советот до градоначалникот и општинската администрација, и после 2 месеци, до денес, се’ уште немаме никаков одговор.
Затоа ќе поднесеме претставка до инспекторатот за животна средина за да испита дали е загрозено бунарското подрачје на Лепенец, врз какво земјиште ќе се гради најавуваниот парк и дали истиот ќе претставува опасност по здравјето на граѓаните.
СДСМ и колацијата ги поддржува сите проекти кои се од суштинско значање за граѓаните и овозможуваат подобар живот на ѓорчепетровци, но нема да дозволиме површно работење и прикривање на сериозни проблеми, најавувајќи ги во јавноста како мега проекти.
Advertisement
Advertisement