Патот во Драчево е полн со дупки, жителите се жалат, општината ветува решение напролет

news
Advertisement

Патот кој води до село Количани, делот од Драчево до манастирот има многу дупки. Неколку жители од оваа село се жалаат дека поминале 20 години и не е ништо сработено.

Advertisement

„Патот е многу оштетен, да кажам право веќе 20 години патот не е среден“, вели Хамит Алити, жител на Горно Количани.

Од тогаш ниту еднаш не е среден патот?

Алити: Делумно, но целосно не. И страните на патот се премногу оштетени, но има и многу посетители во овој дел кој одат до манастирот, но има и други посетители кои одат до горе во планината.

Друг жител вели дека отишле кај градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓеорѓиевски и побарале да се санира патот, но не добиле никаков одговор.

Тв21 испрати прашање до о. Кисела Вода за овој проблем, од таму кратко ни одговорија дека санирањето на патот ќе се направи напролет.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.