Патот Охрид-Св. Наум тесен и небезбеден, патувањето трае цел час

news
Advertisement

Додека патот од Охрид до Свети Наум и границата со Албанија е речиси целосно уништен, тесен и небезбеден за возење, албанската страна од езерото за помалку од една година доби целосно реконструиран и проширен пат. Станува збор за делницата од граничниот премин со Македонија, па сè до Тушемиште и Поградец. Таму се работи и на уредување на крајбрежјето. Во меѓувреме, од Охрид до Свети Наум летово се патуваше и до еден час и тоа само во една насока.

Advertisement

„Властите треба да размислат дека е меѓународен пат и дека од тука поминува голема фрекфенција на возила. Сведоци сме дека секојдневно се случуваат и сообраќајни незгоди…“ – Биљана Николоска- хотелски работник.

Граѓаните бараат итна реакција од надлежните. Најголем проблем им создаваат туристичките автобуси со кои тешко се разминуваат.

„Сега е тесен и во шпиц на сезона е многу оптеретен. Внимателно мора да се вози“- граѓанин

„Сега тешко е патувањето до Свети Наум. Гужви големи се. Имаше и доста сообраќајни несреќи ова лето за жал. Се оштетуваат автомобилите. Тесен е патот, не е како што треба, треба да се направи.“ – граѓанин

„…Срамота е со години ова. Тие кривини таму тоа е неподносливо. Сите одат за Свети Наум, видете автобуси колку одат таму. А, од другата страна Албанија веќе го направи патот? Така зборуваат, не сум бил одамна, но велат дека го направиле.“ – граѓанин.

Нашите власти со години напразно ветуваат реконструкција на патот. Ист е одговорот и сега.

„Изведувачот е во процедура на добивање на времен режим на сообраќај и првите градежни активности се очекуваат од средината на септември“- ЈП за Државни патишта.

Ако проектот се реализира, предвидена е само рехабилитација и поправка на постоечкиот пат, а не и негово проширување. Делницата Охрид – Свети Наум е изградена во времето на Југославија од страна на тогашната армија.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.