КАКО ТАКА БЕЗ ОПСТРУКЦИИ ОД ОПОЗИЦИЈАТА СЕ ДОНЕСОА ИЗМЕНИТЕ НА КРИВИЧНИОТ ЗАКОНИК, А НАД ДВЕ ГОДИНИ Е БЛОКИРАН ИЗБОРОТ НА УСТАВНИ СУДИИ, ВЕЛИ КАЦАРСКА

news
Advertisement

Поради блокади во Собранието, Уставниот суд еден период функционираше преполовен бидејќи на дел од членовите им истече мандатот, а не можеа да бидат избрани нови. – Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска..

Advertisement

Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска вели дека е фрапирана како тоа се донесоа измените на Кривичниот законик без никаква опструкција дури ни од опозицијата, а од друга страна повеќе од две години не може да се комплетира Уставниот суд поради блокади во парламентот.

Одговарајќи на новинарски прашања за време вчерашното одбележување на Денот на независноста – 8 Септември, таа констатираше дека политичарите си тераат таму каде што им одговара, а каде што сакаат да прават опструкции, тогаш ја блокираат државата.

„Навистина сум фрапирана како тоа се донесе закон, без никаква опструкција дури ни од опозицијата, а од друга страна две години и веќе неколку месеци не може да се изберат судии на Уставниот суд, не може да се комплетираме. Што значи каде што им одговара на политичарите не се прават опструкции, така се тера, таму каде што сакаат да прават опструкции може да ја блокираме државата“, рече Кацарска.

Поради блокади во Собранието, Уставниот суд еден период функционираше преполовен бидејќи на дел од членовите им истече мандатот, а не можеа да бидат избрани нови. Сè уште е заглавена кандидатурата на Јавниот обвинител Љубомир Јовески. Опозицијата ги блокираше кандидатите со опструкции во Комисијата за избори и именувања.

Измените на Кривичниот законик со кои се намалија казните за службените лица, што отвора пат за побрзо застарување на кривичните дела на функционерите беше донесен за само два дена во Собранието.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.