Пациентка тврди: Аптекарот на Онкологија ме уцени за терапија Гејтруда – „Во мои раце си, пази што правиш“

news
Advertisement

Ме уцени со зборовите „Во мои раце си, пази што правиш“. А јас тоа го сфатив како закана по мојот живот.

Advertisement

Вака пациентката на Клиниката за онкологија Минка Беизоска раскажува за трговијата со скапите биолошки терапии која претставувала лукративен бизнис за дел од вработените. Аптекарот од болницата ѝ барал пари секој пат кога ќе требало да прими биолошка терапија „Гејтруда“. Докторите, сестрите и аптекарот ѝ велеле дека „на лекот нема нејзино име и презиме“ затоа што „го криеле за неа“.

-Зошто да ја кријат за мене терапијата, која сум јас? Зошто да му давам пари за терапија што државата ми ја плаќа мене?, прашува Беизоска.

После неколкукратно плаќање на терапијата „Гејтруда“ која инаку пациентката требало да ја добие бесплатно, таа случајот го пријави во полиција и аптекарот беше приведен за поткуп. Но, дали тој бил единствениот што бил вклучен или пак се работело за синџир? Целиот разговор со Беизоска може да го слушнете во продолжение:

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.