Пендаровски и Ковачевски на традиционален божиќен ручек кај поглаварот на МПЦ-ОА, г.г.Стефан

news
Advertisement

Претседателот државата, Срево Пендаровски и претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски денеска присуствуваа на традиционалниот божиќен ручек којшто го приредува поглаварот на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија, архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан.

Advertisement

На традиционалниот божиќен ручек, претставниците на владино- државниот врв споделија пораки со архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан и членовите на Светиот архиерејски синод на МПЦ-ОА за сплотеност и единство во име на просперитет и посветла иднина.

Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан го организира божиќниот ручек секоја година во чест на божиќните празници и неговиот именден – празникот на архиѓакон и првомаченик Св.Стефан.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.