Пендаровски консултиран за да го помилува Груевски, тој вели „никогаш“

news
Advertisement

Претседателот на државата Стево Пендаровски е категоричен дека ако до него стигне иницијатива, за амнестија на Груевски, тој никогаш не би го сторил тоа. Во интервју за емисијата Трилинг на ТВ 24 тој откри дека пред неколку месеци од „некои актери на политичката сцена“ бил консултиран околу таа можност.

Advertisement

„Не! Ги слушам тие шпекулации наназад седум-осум месеци од нашата политичка чаршија и кујна, да бидам и поексплицитен, значи на едно неформално ниво од пред седум-осум месеци некои актери од политичката сцена ме консултираа околу таа можност, за тоа што мислам околу таа можност? Им реков децидно дека тоа не би го направил никогаш, бидејќи тоа би било рушење на правната држава. Таков тип на милосрдие стои во Уставот, но јас не мислам дека сум султан или монарх во оваа држава за такви кривични дејанија самиот да пресудувам и да решавам што е право, што не. На што би личело јас од оваа позиција тука да кажувам. Тоа не би го направил за мој најблизок роднина, а не пак за кој било друг политичар“, рече Пендаровски во интервјуто.

Во моментов се актуелни два закони кои директно или индиректно се поврзани со амнестија. Првиот е со измена на кривичниот законик која беше експресно изгласана во собранието и која стапи на сила од вчера, петок 15 септември. Со измените за неколку години се намалија затворските казни за дела поврзани со злоупотреба на службена должност и овластувања на функционери, службени и одговорни лица во јавни претпријатија и установи.

Има опасност од настапување на апсолутна застареност на предмети како што се Титаник, Таргет/Тврдина, ТНТ, Титаник 2 и уште некои кои ги отвори Специјалнот обвинителство.

Во Владата е подготвен и Закон за амнестија, со кој ќе се ослободат од затвор осудени за лесни кривични дела со затворска казна до 6 месеци. За тие кои што се осудени над 6 месеци се предлага намалување на затворската казна за 30 отсто. Амнестијата не се однесува на лица осудени за кривични дела против државата, против човечноста и меѓународното право.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски денеска побара од претседателот Стево Пендаровски да одговори кој од него барал амнестија на поранешниот премиер и азилант Никола Груевски.

“Пендаровски веќе денеска мора да одговори кој тоа барал од него амнестија? Пендаровски вели дека бил цитирам „консултиран од некои актери на политичката сцена“ за амнестија, па затоа сега мора да биде прецизен и јасен, да наведе кој тоа од политиката го консултирал Пендаровски пред неколку месеци за амнестија?“, рече Стоилковски.

Пендаровски вели дека не ги знае мотивите зошто токму сега се донесоа измените на Кривичниот законик, но, според него, не станува збор за неказнивост, бидејќи и понатаму има казни за кривичните дела од членот 353 за злоупотреба на службената положба и овластување. Тие се намалени, вели претседателот, но олеснета е проширената конфискација на имот.

Тој не верува дека власта се надева на помош од поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, а сега бегалец во Будимпешта за обезбедување на двотретинско мнозинство за промена на Уставотбидејќи според него со овие измени на законот Груевски не може да се врати во Скопје.

Извор: https://www.slobodnaevropa.mk/a/32595592.html

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.