Пендаровски му возврати на Ковачевски, демантира дека презел обврска со Грција да преговара за пасошите

news
Advertisement

Премиерот Димитар Ковачевски изјави дека не разговарал со грчките власти за продолжување на рокот за промената на патните исправи, кои нема да важат со старото име на државата Република Македонија по 12 февруари. Таа обврска, како што изјави Ковачевски, ја презел претседателот на државата, и рече дека може да се донесат законски измени, но дека во ситуацијата станува збор за документи за надворешна употреба.

Advertisement

– Ние сме се обврзале како држава дека документите за надворешна употреба ќе бидат со новото уставно име на државата. Законски измени може да се направат, но сепак се работи за документи за надворешна употреба, значи личната карта и со Република Македонија се користи за внатрешна употреба, како и возачката. Надчовечки напори се направени од страна на вработените во МВР, променети се 1, 2 милиони пасоши, гледате дека работат луѓето и за празници и во недела и ќе разговараме, тоа е процес кој мора да се заврши, додаде Ковачевски.

Од Кабинетот на претседателот за „Слободен печат“ велат дека Пендаровски нема преземено обврска во таа смисла, туку само даде предлог за надминување на проблемот што се појави во однос на замената на личните документи и патни исправи.

Како што и претходно информиравме претседателот Пендаровски даде предлог за надминување на проблемот што се појави во однос на замената на личните документи и патни исправи, но таа процедура е во целосна надлежност на Владата и Собранието.

– Во однос на комуникацијата со Грција, претседателот Пендаровски може да помогне во процесот, но нема преземено обврска во таа смисла – велат од Кабинетот на Пендаровски.

„Слободен печат“ минатата недела објави дека важечките лични карти на граѓаните со старото име на државата Република Македонија и по 12 февруари ќе им важат на шалтерите во банките, а и на претстојните претседателски и парламентарни избори во април и во мај ќе може да се гласа.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.