Пендаровски погрешно разбран: Не рекол дека нема да се кандидира

news
Advertisement

Претседателот Стево Пендаровски не рекол дека нема повторно да се кандидира за шеф на државата, вели извор во неговиот кабинет, пренесува „360 степени“.

Advertisement

Прашањето од новинар упатено до него на маргините на денешниот настан посветен на борбата против корупцијата во хотелот „Холидеј ин“ во Скопје е: „Дали размислувате за втор мандат“, на што тој лаконски одговара: „Не“.

Во серија новинарски написи ова „не“ се толкува како негов одговор дека нема намера да се кандидира.
Извор од кабинетот на Пендаровски вели дека станува збор за погрешна интерпретација на одговорот и дека тој сакал да каже дека во овој момент не размислува за втор мандат, зашто сака да го заврши првиот, а оти има време кога ќе размислува дали повторно ќе се кандидира за шеф на државата.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.