Проработеа полициските боди камери на Блаце- уапсен возач од Албанија кој нудел мито

news
Advertisement

Откако во април беа уапсени раководителот на смената на граничниот премин Блаце и уште еден полициски службеник поради тоа што беа снимени како бараат мито за да „прескокнат“ пасошка контрола, вчера автобуски возач од Албанија се обидел со евра да ја забрза граничната контрола, но бил уапсен и е во притвор. Обвинителството соопшти дека е определен 8-дневен притвор на 43-годишен државјанин на Република Албанија за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Давање поткуп по член 358 став 1 од Кривичниот законик. -Осомничениот, на 26 август, пристигнал на граничниот премин “Долно Блаце”, како заменски возач во автобус „Сетра“ со албански регистарски ознаки кој требало да транзитира низ земјава. На полициски службеник – раководител на смена на границата осомничениот му дал една банкнота во апоен од 50 евра со цел да го поткупи за да не изврши службено дејствие – пасошка контрола која се состои од проверка и евиденција на сите патници кои се превезуваат со автобусот. Настанот бил снимен со боди камера на полицаецот, а осомничениот веднаш бил лишен од слобода, стои во соопштението на обвинителството, а свое соопштение издаде и МВР. Во април, албанскиот ТВ КЛАН објави сторија со скриена камера на која полициски службеници на Блаце земаат 120 евра за да пропушти комбе со 6 патници да поминат без пасошка контрола. Тогаш беше откриено дека сите полицајци во смената имале оштететни боди камери за да не може да снимаат, а не пријавиле на надлежните за да им ги заменат. Поради тоа за сите со оштетени камери беше отворена постапка во Внатрешната контрола на МВР. Полицајците на таа снимка дури се расправаат дека на комбито му наплаќаат под минималните 30 евра од човек за мито.

Advertisement
Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.