ЈА ДРЖЕВМЕ ЗА РАКА, МНОГУ СЕ ПЛАШЕШЕ! Елтон Џон ги откри деталите од соработката со Бритни Спирс: Многупати била ИЗНЕВЕРЕНА!

news
Advertisement

Елтон Џон и Бритни Спирс снимија дует на „Hold me Closer“, преработка на неговата песна „Tiny Dancer“ од 1971 година.
Песната го одбележа враќањето на пејачката на музичката сцена по шест години, а Елтон Џон во интервју за Гардијан откри како поминало снимањето:
– Беше отсутна долго време. Многу се плашеше затоа што толку пати била изневерена, а толку долго не беше во очите на јавноста. Ја водевме низ целиот процес, држејќи ја за рака, уверувајќи ја дека се ќе биде во ред. Навистина сум возбуден бидејќи снимив дует со неа. Ако песната стане голем хит, што мислам дека би можело, ќе ја зголеми нејзината самодоверба и ќе ја натера да сфати дека луѓето навистина ја сакаат и се грижат за неа и сакаат да биде среќна. Кон крајот на минатата недела беше објавен тизерот за „Hold me Closer“, а во оваа прилика продуцентот Ендрју Ват, кој соработувал на песната, ја пофали Бритни:
– Таа одлично се подготви. Помина многу време со таа песна и точно знаеше што сака. Многу е добра во усогласувањето на својот глас со другите гласови, што е многу тешко.
По објавувањето на песната, пејачката напиша дека е навистина кул да се пее со „еден од мажите со најмногу стил“ и додаде дека оваа соработка за неа е „голема работа“.

Advertisement
Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.