ПЕНЗИОНЕРИ ОД БИТОЛА ПОБАРАА 18.000 ДЕНАРИ МИНИМАЛНА ПЕНЗИЈА И 8.000 ДЕНАРИ ЛИНЕАРНО ПОКАЧУВАЊЕ

news
Advertisement

Вечерва битолски пензионери на плоштадот „Магнолија“ излегоа на протест барајќи минималната пензија да изнесува 18.000 денари, а зголемувањето на пензиите од септември да биде линерно по 8000 денари за секој пензионер и тие средства да влезат во основицата на пензиите.Пред присутните се обрати Дано Чолаковски, претседател на иницијативниот одбор за свикување на протесниот собир.„Пензиите знатно заостануваат во однос на зголемувањето на животните трошоци. Просечната плата има далеку поголем пораст во спотредба со просечната пензија и од тука се јавува разликата во животниот стандард. Со ваквиот пораст на пензиите, пензионерите ни оддалеку не се во можност да ги покријат трошоците за живот, посебно оние со пониски пензии, па и оние со просечните.

Advertisement

Енергетските потреби се со многу високи цени( струја, тврди и течни горива, пример дрвата поскапеа за 55% во споредба со 2022), прехрамбените производи, здравствените услуги-лекарствата, превозот и друго.

Пензионерите со ниски и просечни пензии не можат да си дозволат на свој трошок летен одмор, бањско и климатско лекување.

Затоа бараме минималните пензии да бидат 18.000 денари и линерано на сите пензионери да им се зголеми пензијата за 8.000 ден и така зголемената пензија да биде основица за понатамошна исплата“, рече Чолаковски.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.