Пет делови од телото од кои мажите се срамат во кревет

news
Advertisement

Жените не се единствените кои имаат комплекси за телото и изгледот. Новото истражување покажува и дека многу мажи се незадоволни од својот изглед.

Advertisement

Американскиот факултет Чепмен ги анализирал резултатите од пет национални истражувања во кои учествувале 100.000 машки испитаници, кои покажале дека 40 отсто од нив не се задоволни со својот физички изглед.

Повеќето мажи чувствуваат дека во социјални прилики, другите луѓе ги оценуваат врз основа на нивниот изглед, поради што се чувствуваат лошо.

Дури 20 отсто од хетеросексуалните мажи со нормална тежина признале дека кријат дел од телото за време на сексуалниот однос. Стомакот е најчестото место што го кријат во кревет со партнерот, а исто така се чувствуваат непријатно кога некој ќе им погледне директно во градите, задникот, бутовите и гениталиите.

Студијата исто така покажа дека:

– 30 отсто од хетеросексуалните мажи не се задоволни од големината на своите мускули
– 23 отсто од мажите се заинтересирани за пластична хирургија
– 61 процент од мажите чувствуваат дека ги оценуваат според нивниот изглед
– 39 проценти од мажите се секојдневно преокупирани со својот изглед

На истражувачите им беше јасно дека мажите имаат комплекси, но сите беа изненадени од бројот на мажи кои се незадоволни од својот изглед, тежина и мускули, како и оние кои не би промениле ништо на себе, изјави шефот на истражувањето. д-р Дејвид Фредерик.

Мажите се свесни дека жените не се грижат за изгледот толку многу како кога бараат животен партнер. Сепак, јасно им е дека овој фактор е исклучително важен кога се работи за краткорочни афери, поради што чувствуваат притисок да изгледаат најдобро.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.