Важно! Што треба жените да направат веднаш после секс

news
Advertisement

Сексот е индивидуална и многу интимна работа. Иако сите имаме различни потреби, после тој интимен чин сите жени треба да направат една работа.

Advertisement

Сексот е чин при кој телото поминува низ бројни промени. Иако секој од нас има различни желби и потреби, телото речиси кај сите реагира на многу сличен начин.

Една од овие реакции е потребата за мокрење после секс. Кај некои може да биде многу силна и непосредна, додека кај други жени се појавува по неколку минути. Во никој случај не треба да ја игнорираме оваа потреба.

Зошто уринираме после секс?

Нашето тело е многу софистицирана машина чија улога е да не заштити што е можно повеќе од потенцијалните опасности кои демнат во нашата околина.

Една од овие опасности се крие во бактериите. Имено, за време на сексуалниот однос, телото е изложено на бројни бактерии кои можат да се „кријат“ на места каде што не ги сакаме.

Д-р Невен Капун, специјалист по урологија, објаснува како воспалението на мочниот меур е директно поврзано со сексуалниот однос.

За време на сексуалниот однос, бактериите се шират низ уретрата кон мочниот меур, што кај жените може да доведе до акутно воспаление на уринарниот тракт. „Со мокрењето после секс, ние всушност го „чистиме“, односно го исплакнуваме уринарниот тракт од бактерии“, истакнува Капун.

Затоа, доколку почувствувате силна потреба за мокрење после секс, одложете го галењето за неколку минути и слушајте го вашето тело.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.