Пецаков го спаси охридскиот пливачки маратон, ќе го организира општината

news
Advertisement

Градоначалникот Кирил Пецаков донесе одлука Општина Охрид да го организира овогодинешното издание на Охридскиот пливачки маратон. Ова дојде по координативниот состанок кој беше одржан утрово. Пецаков за „А1он“ ја потврди информацијата.Маратонот ќе биде поддржан и од спонзори, како и Агенцијата за млади и спорт. По долги години традиција и организација на маратонот од страна на Македонската пливачка федерација, ова ќе биде првпат, целата организација да ја прави Општина Охрид. На овој начин се спасува одржувањето на манифестацијата, бидејќи Федерацијата е со блокирана сметка и не можеше да го организира маратонот.

Advertisement

Првиот човек на Охрид, Пецаков, уште вчера посочи дека е срамота да не се одржи манифестацијата која е белег на Охрид.

„Општина Охрид беше целосно подготвена за техничката организација затоа што маратонот е голем промотор на нашиот град во светски рамки.
Срамната одлука за неодружување на најголемата меѓународна спортска манифестација во Македонија доаѓа во годината кога се слави 60 години од првиот вистински маратон“, напиша Пецаков.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.