ПИКСИ=КИКС(И): Аматерот Стојковиќ кој пцуеше нечии мајки…а ја “ЗАКОПА“ својата Србија!

news
Advertisement

По вчерашниот меч меѓу Србија и Швајцарија, кој во Македонија се следеше со големо внимание и навивачка страст, по катастрофата на репрезентацијата на Србија на СП во Катар, според мое мислење најубавиот наслов го имаа нашите колеги од Спортал.рс, а тој гласеше – ПИКСИ=КИКС(И). Фантастично беа во право.

Advertisement

За оние помладите да кажеме дека она Пикси кај Драган Стојковиќ е според еден од главните јунаци на цртаниот филм Пикси и Дикси. Многу популарен во екс – СФРЈ.

Но, тоа е помалку важно. Поважно е она за тоа што тој направи или не направи, а притоа ја “ЗАКОПА“ својата Србија.

Толку аматерско водење на репрезентацијата од негова страна навистина е несфатливо. Толку арогантно однесување по оние среќни 1:2 од Лисабон, дека на Србија никој ништо во Катар не и може и тоа како му се удри во глава. Притоа заборави на оние белградски 2:2 кога на Роналдо и компанија не им беше признат чист гол иако топката беше еден метар зад гол – линијата.

И така беше се до две недели пред стартот кога наеднаш ја снема насмевка од неговата фаца, но доцна беше. Атмосферата во Србија беше таква да се освен светска титула ќе биде голем неуспех.

Како беше она – “Дајте Бразил да се играмо…“.

И почна, а како почна Мундијалот подобро и да не почнеше за Пикси и неговите избраници. Се виде уште со Бразил дека оваа Србија под Пикси е далеку, светлосни години далеку од некаков си успех. Она со Камерун и тоа како ја водеше селекцијата беше повеќе од смешки, а со Швајцарија едноставно трагедија. Оној што се разбира во фудбал знае дека уште пред да почне мечот Пикси си бара алиби. Ги стави сите ѕвезди во тимот, одбраната ја остави на стрелиште а во составот немаше ниту еден дефанзивен играч за врска. Тоа Швајцарците докторски го искористија и победија. Да, Србија имаше водство, но се виде, се осети дека овој меч тие го губат. Бадијала неговите фори и фазони на клупата како тоа тој е издишан, како наликува на човек пред инфаркт, а бре тоа е само приказна за мали деца. Вистински тренер и селектор во тие пресудини мигови ќе биде смирен, ќе влече потези во корист на неговиот тим а не да прави циркуси покрај аут – линијата.

И сега кој е виновен? Нам не би требало да ни биде гајле, па тоа е Србија.

Настрана онаа провокација на Џака, потези на капитенот на Швајцарија кој се за осуда, но Пикси како тренер, селектор, педагог и тоа како се избрука за сите пари кога почна да пцуе нечии мајки, албански мајки. Да, тој не кажа албански туку еден друг збор, но…

Пикси е голема легенда на овие простори. Како фудбалер беше фантастичен, еден од ТОП-5 на овие простори, но како тренер….има уште многу да учи.

За жал за сите оние во Македонија кои „сечат вени“ за момците на Пикси, Србија и овојпат се избламира, као и во 1998, во 2010, и лани во Русија. А, бре нека земат пример од Хрватска како треба.

Пикси сега е на удар на медиумите во својата земја, тие што до пред десет дена го величаа и го сметаа за божество сега го фрлаат во калта. Тој ако беше вистински човек и фраер немаше да дозволи во деновите на решавачките мечеви да му излезе афера во репрезентацијата околу тоа кој чија жена ја “легнал“.

По мечот со Бразил, на прашањето зошто неговите избраници немаа сила да дишат а камо ли да одиграат нешто, тој се “одбрани“ со тоа дека половината играчи му се повредени, ама тој морал да ги повика зошто ако ги немало во Катар еден Костиќ, Митровиќ, Влаховиќ и останатите повредени не ќе можел да се одбрани од нападите на јавноста, како тоа тој без нив ќе одел во Катар.

Ова е одговорот зошто Пикси е аматер и зошто Пикси е алиби – селектор. Значи него му било поважно што ќе кажат новинарите и јавноста во Србија отколку успехот.

И синоќа оној состав му беше алиби, тоа го знае оној што се разбира во фудбал.

И затоа сите аматерски потези му се треснаа од глава.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.