Пиш*толот пронајден покрај Маја Јанева бил на нејзиното момче, тој одбива преглед

news
Advertisement

Пиштолот со кој е нанесена прострелна рана во главата на македонската инфлуенсерка Маја Јаневска која трагично го загуби животот во Јужна Африка бил во сопственост на нејзиниотт партнер, тајкунот со цигари Кајл Филипс, се првичните информации за смртта на Маја Миа, објави News24.

Advertisement

Филисп треба да даде изјава во полиција, но според извори на медиумот, тој одбил да биде прегледан од државниот патолог задолжен да ја спроведе обдукцијата на Јанеска, и додека разговарале за понатамошните чекори тој „буквално се опколил со своите телохранители“.

Патологот се обидел да утврди дали Филипс имал одбранбени рани на телото.

Се верува дека полицијата можела да спроведе тестови за остатоци од барут од огнено оружје на оние кои биле присутни во куќата кога починала Јанеска, а ова го вклучува Филипс, бидејќи тој бил присутен во спалната соба кога се случила трагедијата.

Смртта на Јанеска во оваа фаза од истрагата не се третира како сомнителен случај, иако нејзините роднини и блиски пријатели не веруваат дека станува збор за самоубиство.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.