Пијан маж ја убил сопругата со секира, ќерката го пријавила

news
Advertisement

Ноќеска околу полноќ во населбата Кројчица, кај Тузла (БиХ), сопругот ја убил сопругата (60 години) удирајќи ја со секира по главата. Оваа информација ја потврди портпаролката на полициската управа – Аднана Спречиќ, пренесува „Српскаинфо“.

Advertisement

– Рано утрово околу 00:14 часот во Полициската станица Запад при ПУ Тузла влегол М.С. и пријавила дека татко и ја убил мајка и на куќниот праг. Недолго потоа, самиот насилник се пријавил во полициските простории, по што му била одземена слободата. Со алкотестирање било утврдено дека К.С. бил под дејство на алкохол. На местото на инцидентот, од страна на дежурниот лекар од Итна медицинска помош при Здравствен дом Тузла околу 00:30 часот е констатирана смрт на женско лице родено 1961 година. Исто така, кај мажот кој е осомничен за ова кривично дело биле констатирани полесни физички повреди – известија од Полициската управа.Истрагата на местото на настанот ја спроведоа припадници на полициската управа ОКП во Тузла заедно со дежурниот обвинител на Обвинителството на кантонот Тузла.

Човек кој е осомничен за ова тешко кривично дело по кривичната истрага ќе биде предаден на обвинителството.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.