Ќе има ли вода за пиење и кој да го собира сметот?

news
Advertisement

Јавните комунални претпријатија ќе стават клуч на врата а вработени ќе заминат дома, оваа закана ја испорачаа од здружението на даватали на комунални услуги.

Advertisement

Денеска итен состанок во прошен состав со директорите на јавните претпријатија на маса седна првиот човек на регулаторна комисија Бислмовски,владин функционер од највисокиот ешалон немаше.

Менаџерите на јавните претпријатија на маса ставија две сценарија – да плаќаат струја по цена како домаќинствата од третиот блок или да ги поскапат услугите, што значи повиски цени за граѓаните.

Бислимовски им соопштил дека нема наделжност да ги категоризира во блок 3 бидејќи тоа се коси со законот за енергетика. Но сепак вели мора да се помогне, состојбата ќе се ублажи со набавката на поевтин гас од Бугарија, со целосно активирање на домашните производствени капацитети за електрична енергија.

Од здружението АДКОМ дадоа рок максимум до крајов на неделава да се решат нивните барања. Поддршка за барањата, јавните комунални претпријатија добија од Конфедерацијата на Слободни Синдикати и Сојуз на Синдикати на Македонија. По драмтичното поскпаување на струјата АДКОМ повеќе пати алармираше дека без државна помош и логистика не можат да работат со сегашните цени.

Во јавните претпријатија работат околу 15 000 лица. Дел од јавните комунални претпријатија на локално и централно ниво работата со загуби, но од друга страна тие се често и мета на критика дека во нив се згрижуваат партиски кадри.

ТВ 24 побара став од Владата дали ќе ги прифати барањата на јавните комунални претпријатија, но до сега одтаму не добивме одговор.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.