Поведени истраги против дилери на хероин во Скопје и Велес

news
Advertisement

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело- Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги и психотропни супстанции од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Advertisement

При претрес во домот на осомничениот, на 15 март полицијата пронајде 480,3 грама хероин, во 43 пакувања, како и 7,13 грама марихуана. При претресот биле одземени и четири дигитални ваги и други предмети со остатоци од хероин.

Повеќе од интернетот

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот 21-годишник, бидејќи оцени дека постои опасност од бегство и можност тој да го повтори делото.

Основното јавно обвинителство Велес, пак, донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 27-годишник кај кого при претрес во домот на 13 март беа пронајдени околу 90 грама хероин измешани со кофеин и працетамол.

И за овој осомничен за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги и психотропни супстанции обвинителството предложи да биде определена мерка притвор.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *