Страшно: Фудбалер се судри со голман, падна и сега се бори за живот (Видео)

news
Advertisement

Холандскиот фудбалер Дони ван Иперсен кој настапува за тимот на Зимбру во молдавското фудбалско првенство, доживеа страшна повреда на дуелот против Динамо-Ауто, во второто коло.

Advertisement

По едно нафрлување на топката во шеснаесетникот, Ван Иперсен се судри со домашниот голман и падна на тревата. Голманот со рамото го удри ван Иперсен во главата и Холанѓанецот остана неподвижен.

Веднаш реагираше голманот кој побара веднаш да дојдат тимовите на Брза помош. Околу шест минути траеше давањето помош на теренот, а потоа Ван Иперсен беше инесен на носилки и пренесен во болница.

Според медиумите во Молдавија, Дони веднаш бил однесен на Интензивна нега и приклучен на респратор.

„Во овие тешки моменти, нашите мисли се со Дони ван Иперсен. Дони биди силен, цел жолто-зелен свет се моли за тебе. Кога дојдовте, рековте дека сакате да го одведете Зимбру во европските купови. Ветуваме дека ќе успееме и заедно ќе го оствариме тоа“, стои во пораката на фејсбук профилот на клубот Зимбру.

Ван Иперсен оваа сезона дојде во Молдавија, а во кариерата има играно за екипите на Аз Алкмар, Камбур, Телстар и ГА Иглс./sportmanija.mk/

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.