Џафери ги изброја можните датуми за претседателски избори

news
Advertisement

Спикерот на Собранието, Талат Џафери, на денешниот брифинг со новинарите зборуваше за можните датуми за распишување на претседателски избори, како и за роковите. Тој сподели три можни датуми за прв и за втор круг од изборите.
Според него, од денот на распишување на изборите до денот на гласање треба да поминат не помалку од 70 дена и не повеќе од 90 дена.Така, ако првиот круг од претседателските избори се одржи на 14 март, тогаш распишување на изборите треба да биде на 4 јануари 2024 година.Ако бидат на 24 април во првиот и 8 мај за вториот круг, тогаш распишување на избори ќе треба да биде на 27 февруари, што обезбедува најмалку 70 дена до избори.

Advertisement

Можни датумии според Џафери се:

– Прв круг: на 14 март, 28 март, 11 април и 25 април.
– Втор круг: 28 март, 11 април, 25 април и 9 мај (критичен датум бидејќи инагурација ќе треба да биде на 12 мај).

Изборите за претседател се одржуваат во последните 60 дена на тековниот мандат на шефот на државата.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.