„Се преродив!“: Ѕвездата на „Никогаш не е доцна“ ослабе 15 килограми за еден месец со липосукциска исхрана

news
Advertisement

Познатата учесничка во популарната телевизиска емисија „Никогаш не е доцна“ Клаудија Кланац Пушковиќ достигнала 100 килограми, а потоа се одлучила на значаен чекор – да „влезе“ во белиот фустан што го носела пред трите породувања.

Advertisement

Клаудија Кланац Пушковиќ е мајка на три деца, љубителка на слатки и позната учесничка во телевизиското шоу „Никогаш не е доцна“. На 44-годишна возраст решила да ослаби. Таа желба била поттикната од нејзиното појавување на телевизија, но и сакала да се врати на старата телесна тежина со која се гордеела пред трите породувања.

– Ме мотивираше првото појавување во шоуто „Никогаш не е доцна“, коментарите на прекрасните луѓе ми дадоа сила да бидам уште подобра во секој поглед – истакнува Клаудија.

Таа објаснува дека со вишокот килограми првпат се соочила по првата бременост со синот Марко, а потоа, верувале или не, достигнала дури 100 килограми! По две години родила уште еден син, Филип, а по шест години и ќерката Уна, и оттогаш Клаудија се бори со килограмите.

– Нема диета што не сум ја пробала, а кога на тоа ќе го додадам и фактот дека 15 години се занимавам со производство и декорација на торти и колачи, сѐ што можам да кажам е – тешко е! – искрена е Клаудија.

Таа вели дека нејзиниот мотив за слабеење не бил само изгледот, туку и здравиот начин на живот. Наместо за класична диета, таа се одлучила за липосукциска исхрана и за еден месец ослабела неверојатни 15 килограми.

– Во првите 14 дена ослабев 10 килограми, а до крајот на месецот уште пет. Првите две недели јадев протеини, растителни влакна и медитеранска исхрана и со помош на тоа го забрзав метаболизмот. Во првата фаза на протоколот на липосукциска исхрана се прочистува телото и се согорува наталоженото сало, а потоа следува втората фаза, која вклучува правилна исхрана и стабилизирање на тежината – истакнува Клаудија и додава дека денот го започнува со чаша топла лимонада, а точното внесување калории изнесувало 1.960 дневно.

Не чувствувала воопшто глад и не се прејадувала. Клаудија вели дека јадела умерено, а со јадењето прекинувала веднаш штом ќе почувствувала дека го задоволила гладот. Ги елиминирала јаглехидратите од исхраната, а го зголемила внесот на заситени масти од животинско потекло.

Со постигнатиот резултат е повеќе од задоволна.

– Точно се гледа од настапите во емисијата како од круг во друг круг сум сѐ послаба. Во четвртиот круг бев пресреќна, зашто конечно можев да си ја исполнам желбата и да облечам бел фустан. И сега се чувствувам прекрасно, препородено! – горда е Клаудија, која има цел со липосукциска исхрана да ослаби уште неколку килограми.

Закажете бесплатен совет и консултација во „Липо диет“ центарот (на улица „Димитрие Чуповски“ број 22, спроти поранешен „Мекдоналдс“) или јавете се на телефоните 02 3151714, 070 535033. Протоколот за слабеење може да го нарачате и на домашна адреса.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.