Повеќе од 10 часа се трага по 14-годишната Вања – еве што е познато досега

news
Advertisement

Полицијата сè уште трага по 14-годишното девојче, на кое денеска му се изгуби трагата, откако во 7 часот изутрина заминало во училиште, во Општина Центар.

Advertisement

За исчезнувањето на девојчето на социјалните мрежи информираше неговата мајка Зорица, која побара помош од граѓаните да се најде нејзината ќерка Вања.

Девојчето е облечено во црни панталони со странични џебови, светло плав џемпер, црна кратка зимска јакна и бели најк патики со кафеава лента на ѓонот.

Последниот пат е видена во Дебар Мало на пат кон Песталоци. Доколку имате било каква информација јавете се на 075-400-816“, стои во објавата на мајката.

Случајот бил пријавен и во МВР.

„На 27.11.2023 во 08.35 часот, З.Ѓ. од Скопје пријавила дека се сомнева дека нејзината ќерка В.Ѓ. (14) е исчезната. Полициски службеници преземаат мерки за пронаоѓање на лицето“, се вели во полицискиот билтен.

Мајката за медиумите информираше дека телефонот на нејзината ќерка бил исклучен веднаш откако таа се упатила кон училиштето „Песталоци“.

Потоа, класниот раководител ја информирал дека девојчето не е дојдено на настава, а од нејзиниот дом до училиштето имало само 7 минути пешки.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.