ГРУЕВСКИ СО ПОФАЛНИ ЗБОРОВИ ЗА УРКО: Еве за што му честиташе и што напиша за него

news
Advertisement

Поранешниот премиер, Никола Груевски, се огласи на фејсбук за Бобан Илиоски од Македонија, кој стана светски првак во кик бокс, во категоријата лоу кик до 86 килограми, а чиј тренер е токму Дејан Митревски-Урко.

Advertisement

Македонија во не многу нешта и не многу често има светски шампион. Вчера на светското првенство кое се одржуваше во португалскиот град Албуфеира, Бобан Илиоски од Македонија стана светски првак во кик бокс, во категоријата лоу кик до 86 килограми, одкако лани стана европски шампион, што покажува дека успехот не е случаен, еднократно блеснување, или некаков сплет на среќни околности, туку плод на долгогодишна систематска работа и посветеност, талент и научени вештини од врвни професионалци.
Од лично искуство, со обзир дека во минатото во студенстките денови пет години тренирав бокс под водство на тренерот Миле Смилевски, добро знам дека во боречките вештини потребна е најголема можна физичка и ментална подготвеност, покрај вештините и стручниот тим. Во колективните спортови како фудбал, кошарка или ракомет на пример, можеби можеш за момент да застанеш и да земеш воздух, но ако тоа го направиш во бокс или кик бокс ти си на патосот веќе следниот миг со примени тешки удари. А и последиците не се исти. Затоа е потребна врвна подготвеност, како физичка така и психолошка и особено во делот на не потценување на противникот до последната секунда.

Честитки за Боби Илиевски, за неговиот стручен тим како и до неговиот матичен тренер и претседателот на федерацијата Дејан Митревски-Урко, кого како мој долгогодишен шеф на обезбедувањето добро го познавам и знам дека константно беше посветен на боречките спортови целиот негов живот со врвни резултати, и како натпреварувач, и како тренер и како претседател на федерацијата.
Заслужуваат подршка и поттик. Тоа се луѓе со чии резултати во спортот, особено кога ја представуваат Македонија во светот треба да сме горди и да ги афирмираме и подржуваме.
Да бидат добар пример за многу други млади спортисти, но и млади луѓе кои се подготвуваат да се натпреваруваат во други области и кои се колебаат дали можат да успеат ако започнат.

Не е важно колку земјата ти е мала или голема, туку колку ти како поединец или тим на поединци, спортист или спортски тим и федерација си голем во посветеноста, талентот, упорноста, карактерот, цврстината, менталната и физичка подготвеност и вештините.
Илиевски и тие без кои неможел да го постигне успехот, очигледно се големи во тој дел.
Заслужуваат честитки! Браво“ напиша тој.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.