Подигнати доказни материјали за случајот со труење со пита

news
Advertisement

Затруени три лица – еднА жена почина од силен отров метомил, познат како ланате. Во неделата попладне, од страна на соседите на ова семејство биле пронајдени овие лица во загрозена здравствена состојба откако јаделе домашна пита со праз.

Advertisement

79 годишната жена е хоспитализирана на Карил и е во кома, а нејзиниот 55 годишен син е во многу подобра здравствена состојба од денот на прием во Клиниката на токсикологија.

Земени се дополнителни материјали за токсиколошки анализи и предадени се на Институтот за судска медицина, а за две недели треба да заврши обдукцијата на починатата жена, истрагата треба да даде одговро на клучното прашање – како отровот стасал во питата. Од МВР не сакаат да шпекулираат, пред истрагата да заврши…

МВР

– Известен е јавен обвинител. Од местото на настанот се подигнати доказни материјали за вештачење и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Според д-р Жанина Переска, станува збор за вонредно тешки труења кај кои што не е ретко да настане смртен исход и покрај терапијата. Можните фактори за вакви тешки компликации кај одредени лица зависат од телесна тежина, како и од типот на отровот.

Голем дел од пестицидите во ЕУ се забранети за употреба во земјоделието заради несаканите ефекти кај човекот. Од министерството за земјоделство потврдуваат дека пестицидот Ланате повеќе од десет години е забранет во Македонија, а во зависност од тоа што ќе покаже истрагата, потоа Државниот инспекторат за земјоделство би постапувал по официјалнит допис.

Отровот ланате често пати во изминативе години се користеше за свирепо убиство на кучиња.

Од Анима Мунди изразуваат сочуство за смрттта на жената и велат дека години наназад барале истраги на терен и меѓу институционална соработка и предупредувале дека прашање на време е кога ќе настрада човек, бидејќи сите се сведоци на злоупотреба на смртоносни отрови и нивно расфрлање на јавни површини.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.