Пожар на барикадите во Северна Митровица – изгорени кабини на камиони

news
Advertisement

Претседателот Александар Вучиќ синоќа по разговорите со Србите од Косово најави дека денеска во утринските часови ќе започне отстранувањето на барикадите на северот на Косово. Синоќа изгореле кабините на два камиона кои го блокираат влезот во Северна Митровица од правец на Дудин Крш.

Advertisement

Камионите биле поставени на барикада на патот што води од Јужна Митровица до Техничкото училиште. Засега нема официјални информации за причината за пожарот.

Како што јавува „Косово онлајн“, на место на настанот има припадници на ЕУЛЕКС.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.