Тело од врвни експерти ќе работи на заштита од лажните дојави за бомби

news
Advertisement

Совет за безбедност свикува претседател на држава доколку има загрозеност на безбедносната состојба на државата. Премиерот свикува Совет за координација на безбедносните служби, на кој се дискутираше за сите овие дојави за бомби. Формиравме тело кое што го сочинуваат најголемите експерти од надлежните институции, информираше синоќа претседателот на Владата, Димитар Ковачевски за справувањето со лажните закани за бомби.

Advertisement

Тој истакна дека на состанокот на Советот за координација на безбедносните служби одржан пред десетина дена, присуствувале министрите за внатрешни работи, за одбрана, за надворешни работи и директорите на трите разузнавачки служби – Агенцијата за национална безбедност (АНБ), Агенцијата за разузнавање (АР) и Военото разузнавање.

-Со телото ќе координира Бирото за јавна безбедност, односно Министерството за надворешни работи во делот на обезбедување на сајбер безбедност и заштита од хибридни закани и дополнително дијагностика на системот во делот на неговата отпорност кој што ќе биде направен на врвно професионално ниво, кажа премиерот во интервју за МТВ.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.