Полицаец во САД застрела невооружено 11-годишно дете

news
Advertisement

Локалните власти објавија снимка од камера на телото на полицаец што застрелал 11-годишно момче во Мисисипи. На видеото се гледа како полицаецот од Индијанола, Грег Каперс, пристигнува во домот на 11-годишниот Адериен Мари едно утро минатиот мај откога момчето повикало полиција бидејќи татко му ѝ се заканувал на мајка му.

Advertisement

Прикажан е и моментот во кој Каперс пука во градите на невооружено момче во моментот кога момчето влегло во собата и ги кренало рацете. Момчето преживеало, но добило сериозни повреди и морало да оди на скапа терапија, пишува „Ројтерс“.

Во декември полицаецот беше ослободен на суд бидејќи поротата заклучи дека немал криминална намера кога пукал во момчето.

Родителите на момчето поднеле и граѓанска тужба против полицаецот, Градот Индијанола и началникот на полицијата. Тие бараат отштета од пет милиони долари за непромисленото непочитување на правата и безбедноста на семејството Мари од страна на Каперс.

Властите им дозволија на мајката на момчето и на нејзиниот адвокат да ја видат снимката, но им беше забрането јавно да го објават видеото.

„Градот Индијанола напорно се бореше за да го спречи објавувањето на снимката од камерата на телото на полицаецот Грег Каперс како пука во мојот невооружен клиент. Претпоставувам дека заборавиле оти истрагата е завршена и медиумите сега може да пристапат до снимката“, напишал адвокатот Карлос Мур на „Икс“.

Државното обвинителство на Мисисипи најави дека нема да презема никакви дополнителни кривични дејства во врска со овој случај.

ИЗВОР. https://centar.mk/blog/2024/01/10/politsaets-vo-sad-zastrela-nevooruzheno-11-godishno-dete/

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.