Полицаец и двајца Срби повредени од истрели од огнено оружје меѓу полицијата и барикадираните во северот на Косово, јавуваат косовските медии, пренедува monitor.mk.
Од огнено оружје меѓу полицијата и барикадираните срби пријавени се повредени полицаец и двајца граѓани.
Ова го дознава Газета Национале од извори блиски до местото на настанот.
Истиот извор тврди дека стапил во контакт со болницата во Митровица, но засега повредените не се испратени таму.