Полицијата со полни раце работа, физички напади на повеќе локации низ Скопје

news
Advertisement

Билтенот на МВР од вчерашниот ден е полн со физички напади извршени од лица на повеќе локации низ Скопје.

Advertisement

Според МВР Во 09.00 часот Б.И.(45) од Скопје пријавил дека на 15.12.2023 околу 19.50 часот на подрачјето на Аеродром, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил физички нападнат од едно лице.

Во попладневните часови околу 14.40 во СВР Б.Ц.(18) од Скопје пријавил дека околу 12.50 часот во близина на средно училиште на подрачјето на Аеродром бил физички нападнат од неколку лица.

Во 17.30 часот во СВР Скопје, 52 – годишен маж од Скопје пријавил дека на 19.12.2023 околу 20.45 часот во неговиот дом се случувала вистинска семејна драма. Неговиот малолетен син физички ја нападнал својата сестра, а потоа со остар предмет му се заканил нему

Во 20.10 часот во СВР Скопје, 31 – годишна жена пријавила дека околу 14.10 часот во домот во скопско била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер Г.К. од Скопје.

И.М. во 20:20 часот (72) од с.Марино, скопско пријавила дека на подрачјето на Центар била физички нападната од едно лице.

Уште еден физички напад се случил но овој пат на територија на Гази Баба. Имено Г.Б.(44) од Скопје пријавил дека околу 17.00 часот на подрачјето на Гази Баба бил физички нападнат од едно лице.

За сите овие случаи МВР постапува и откако ќе биде документиран секој случај посебно против сторителите ќе поднесе соотвени пријави.

ИЗВОР. https://skopjeinfo.mk/policijata-so-polni-race-rabota-fizichki-napadi-na-povekje-lokacii-niz-skopje

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.