Поништени пресуди – застарена „правда“

news
Advertisement

За помалку од еден месец Апелација укина две пресуди во кои првоосуден е поранешниот шеф на УБК Сашо Мијалков и неговите најблиски соработници. Најголемите предмети за аферата прислушување како и за купувањето и уништувањето на опремата за прислушување се враќаат пак во Кривичен суд каде што беа заглавени неколку години. Апелација три години во фиока го чува и предметот Транспортер со кој поранешниот битолски градоначалник Владимир Талески требаше да одлежи затворска казна од 8 години.

Advertisement

Пресудите за најголемата афера во земјава за прислушување кои ги опфаќаат процесите на масовно прислушување на над 20 илјади граѓани како и незаконски набавената опрема за прислушување и нејзиното уништување паднаа на Апелација и ја доразнишаа довербата од 8 проценти во правосудниот систем.

Формирањето на Специјалното јавно обвинителство беше иницирано токму поради недовербата во правосудниот систем и судското тефтерче за кое јавноста дозна од најголемата афера до сега со масовно незаконско прислушување. Случајот „Таргет Тврдина“ за која во Кривичниот суд донесе пресуда во 2021 година по четири години оддржување рочишта и две годишната истрага на тогашните специјални обвинители Ленче Ристоска, Трајче Пеливанов и Артан Ајро.

„Со самата судска завршница, актерите се казнети, нема недопирливи, сите се еднакви пред законот и секој сторител на кривично дело ќе одговара“, рече при читањето на пресудата судијката Џанета Бегтовиќ за предметот Таргет Тврдина.

Но, со неа очигледно не се согласија нејзините колеги од Апелациониот суд Скопје кои по речиси две години разгледување одлучија да ја поништат нејзината пресуда и го вратија предметот на повторно судење. Како причина за укинувањето на пресудата во денешното соопштение – три дена по објавата, посочија дека во изворникот на пресудата нема опис на противправните дејствија за секој од обвинетите.

„Ваквата суштествена повреда е од апсолутен каратер и ја прави пресудата нејасна, неразбирлива и неподобна за понатамошно испитување“, се вели во соопштението од Апелација.

илустрација
ВИДЕТЕ И ОВА:
Ветинг треба, ама кој да го направи?
Со укинувањето на пресудата Апелација им заштеди и 1,4 милиони евра на осудените, пари што обвинетите според пресудата требаше да и ги исплатат на државата по правосилност на пресудата.

Од издржување на нова затворска казна засега „куртулија“ поранешниот прв човек на разузнавање Сашо Мијалков, поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, избеганите разузнавачи Горан Грујовски и Никола Бошковски и нивниот колега Тони Јакимовски.

Со ваквата одлука на Апелација каде се бара повторно судење се отвара вратата кон „застарување на делото“. Тоа може да се случи ако до 2025 година не се донесе нова правосилна пресуда. Што значи судот ќе има задача во наредни две години да ја повтори и заврши целата судска постапка, со се конечна одлука за правосилност на Апелација.

Причината зошто се заканува опцијата „застарување на делото“ е што кривични дела злосторничко здружување и злоупотреба на службена должност застаруваат по 10 години откако се сторени.

Застаруваат и Титаник 2 и првиот дел од Таргет – Тврдина

Но, застарувањето е можно само за делот со прислушувањето, односно за предметот „Таргет“. Вториот дел од предметот „Тврдина“, кој се однесува на уништувањето на опремата за прислушување, не е под ваква закана. Но, за овој дел, Мијаков не е обвинет, туку неговата соработничка Јанкуловска.

Во април 2023 година ќе застари и делото за изборни измами за кое Мијалков е обвинет во „Титаник 2“ заедно со владиниот коалициски партнер Мендух Тачи. Судот во 2019 година сите шестмина обвинети во „Титаник 2“ ги прогласи за виновни. Најголема казна од 4,5 години затвор доби Бедредин Ибраими, тогашен член на Државната изборна комисија (ДИК) предложен од ДПА. Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, доби 3 години и 2 месеца затвор, а поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, како и членовите на ДИК предложени од ВМРО-ДПМНЕ, добија по три години затвор.

На Апелација овој предмет падна уште истата година и го врати предметот повторно во Кривичниот суд. Дополнителен проблем во судечкиот процес беше што тој на два пати почнуваше од почеток поради поради промена на Судечкиот совет.

А политичарите критикуваат и толку

За одлуките на Апелација одговори јавно побараа и Премиерот и Претседателот на државата како и неколку функционери од СДСМ. Од владејачката ДУИ досега во јавноста немаше став.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.