Поплаки од туристи: Еден домат во ресторан во Маврово чини 250 денари

news
Advertisement

Познат македонски ресторан во Маврово на туристи им наплатил по 250 денари за домат.

Advertisement

Македонски туристи кои седеле во ресторанот со поглед на цело Мавровско езеро, се пожалија дека се оштетени и испратија фискална сметка до редакцијата на „4NEWS.mk“ на која се гледа дека за два домати платиле 500 денари или по 250 за еден од нив. Туристите јаделе четири шарски плескавици за кои платиле по 320 денари и два големи помфрити за кои издвоиле по 200 денари за еден.

Вкупната сметка била 2260 денари за мени во кое има само шарска плескавица, половина домат и половина порција помфрит.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.