Спасувачка драма во Дојранското Езеро

news
Advertisement

Вистинска драма се случувала утрово во водите на Дојранското Езеро откако силна бура повлекла чамец со три лица кон средината на езерото.

Advertisement

И покрај обидите да се вратат, тие не можеле да воспостават контрола над чамецот, а силниот ветер и брановите само ги оддалечувале од брегот кон внатрешноста на езерото. За среќа едно од лицата успеало да побара помош од ЦУК преку единствениот телефонски број за итни повици 112 по што за кратко време патролен тим на полицијата од регионалниот центар за гранични работи ЈУГ пристигнала на посочената локација.

И покрај лошите временски услови, патролниот тим успеал безбедно да ги извлече на брегот и трите лица. Сите тројца се наоѓаат во добра состојба.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.