Поранешната министерка Нина Ангеловска во Белград ќе предводи компанија на милијардерот Мишковиќ

news
Advertisement

Поранешната министерка за финансии, Нина Ангеловска, заминува за Белград, каде ќе ја предводи компанијата за онлајн-трговија „Ананас“, која е дел од „Делта холдинг“ на познатиот бизнисмен Мирослав Мишковиќ, објави порталот „Пари“.

Advertisement

На 28 јануари, српскиот холдинг „Делта“ го објави отворањето на платформата за онлајн-трговија „Ананас“.

„Делта интензивно развива платформа за е-трговија наречена Ананас, која ќе биде активна веќе во првата половина од оваа година. Ќе се карактеризира со исклучително голем асортиман на стоки, соработка со најголемите добавувачи, но и целосно ново корисничко искуство. Инвестицијата во Ананас во следните пет години ќе изнесува 100 милиони евра. Со финансиската сила и инвестициското искуство што ги има Делта, уверени сме дека можеме да создадеме регионален гигант во онлајн трговијата. Ананас ќе им понуди на корисниците нешто на што не се навикнати во домашната трговија, а што го имаат само најголемите светски трговци на мало како Amazon или AliExpress. На самиот почеток ќе го покриеме пазарот на Србија, но со намера наскоро да бидеме присутни на пазарите во поранешна Југославија, плус Албанија“, соопшти тогаш холдингот.

Според ова соопштение, Ангеловска веројатно ќе работи и на воведување на платформата во Македонија. „Делта холдинг“ е „тежок“ околу една милијарда евра, а компаниите кои се дел од концернот вработуваат околу 3.600 луѓе. Сопственикот, Мирослав Мишковиќ, според „Форбс“ е најбогатиот Србин, а неговото богатство се проценува на околу 2,8 милијарди евра.

Таа е основач на македонската компанија „Групер“, која беше првата платформа за купување со купони за попусти. На 16 февруари лани, Ангеловска објави дека „Групер“ станува дел од полската групација „Asseco SEE“.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.