Поранешниот сопруг на Мараја Кери го чека своето деветто дете, второ за една година

news
Advertisement

Поранешниот сопруг на Мараја Кери, комичарот и водител Ник Кенон, објави дека го чека своето деветто дете, трето со манекенката Британи Бел. Кенон ја сподели веста со видео монтажа од него и Бел на фотосесија.
„Времето застана и се случи ова“, напиша тој.
Водителот со манекенката веќе ги има 5-годишниот син Голден Сагон и едногодишната ќерка Паурфул Квин, а покрај нив, тој е татко и на 11-годишните близнаци Монро и Марокан, кои ги доби со Мараја Кери, како и новородениот син Леџендери Лав, чија мајка е моделот Бре Тиези.
Минатата година, тој стана татко на уште еден сет близнаци, Зион и Зилион, со Аби Де Ла Роса, а го има и синот Зен со Алиса Скот, кој почина на пет месеци во декември 2021 година откако му беше дијагностициран рак на мозокот.
Тој потврди дека планира да има уште бебиња во 2022 година
Да потсетиме, Кенон претходно рече дека „намерно има толку многу деца“ и дека тие не се резултат на некористење заштита.
„Верувајте ми, има многу жени со кои можев да имам деца, но не. Тие што останаа бремени се токму тие што требаше да бидат бремени со мене“, рече тој. И покрај тоа, во септември минатата година тој објави дека паузира од зголемување на бројот на наследници и дека е во целибат.
„Терапевтот ми рече дека треба да бидам во целибат. Во ред, ќе направам пауза. Ќе се одморам од правењето деца“, рече тој во интервју за „Entertainment Tonight“, откако го доби своето четврто дете за само половина година, но се чини дека не успеал да се држи до таа одлука.

Advertisement
Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.